Жител на струшкото село Велешта, вчера, нападнал вработен во Меѓународниот универзитет во Струга. Пријавениот, на вработениот во универзитетот, најпрво го нападнал вербално, упатувајќи му закани по неговиот живот, а потоа и физички, удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата. Потоа му го одзел мобилниот телефон на вработениот и го напуштил местото на настанот.

Случајот е пријавен во СВР Охрид и лицето од Велешта е повикано во полициската станица во Струга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.