Струшката полициска станица поднесе кривична пријава против 78- годишен жител на селото Велешта за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Во текот на март и април 2013 година, како и во изминатите неколку години, пријавениот узурпирал општествено земјиште со површина од 7.047 м2, на кое засадил дрва и го користел за сопствени потреби, без за истото да поседува дозвола од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

OhridNews