Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 40- годишно лице од струшкото село Октиси.

Со намера да изврши кражба, на10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата- Теќе „ Алвети Хасан Баба“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на сидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000 денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према селото Октиси, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.   

По четири дена од извршената кражба, од сега пријавениот камерите се одземени, извршено е препознавање, а потоа се вратени односно предадени на претставник од џамијата.

OhridNews