Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишен охриѓанец.

– Тој, во текот на 2016 и 2017 година, во својство на инвеститор и градител на сопствен имот на катарстарска парцела на улицата „Кочо Рацин“ во стариот дел на Охрид, бесправно изградил дел од објект испод ново проектираната кота каде извел конструктивен дел од јужната страна, а проектираните скали кои служат за вертикална комуникација не биле изведени. На тој начин, пријавениот, постапил спротивно на основниот проект и градежно-техничката документација изготвена од Националната установа „Завод и музеј“ и спротивно на одобрение за градење издадено од Министерство за транспорт и врски. Изведениот градежен објект со изведената функционална содржина, поставената инсталација и техничко-технолошкото изведено решение бил спротивен на одобрениот основен проект, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

НУ „Завод и музеј“-Охрид, како и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, извршиле инспекциски надзор врз објектот и потврдиле дека се работи за бесправно изграден објект. Од страна на градежниот инспектор согласно Законот за градење донесено е решение за прекинување на градбата.

OhridNews