Вчера во 14,15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Битола-Ресен со регионалниот пат Макази-Маркова Нога, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “голф 3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35 годишен жител на с.Лескоец, охридско и патничко возило “сеат толедо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 28 годишен жител на Ресен.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот со охридски таблички и неговата сопатничка исто така од с.Лескоец, охридско, како и сопатничката во патничкото возило “сеат од с.Царев Двор, ресенско кои се пренесени во Клиничкиот центар во Битола за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

OhridNews