Жители на Мешеишта се жалат дека околината на игралиштето во локалното училиште е обрасната со висока трева, што ги оневозможува децата слободно да играат и да ги користат реквизитите поставени таму.

Родителите апелираат до надлежните служби во општината да го уредат просторот со цел децата да можат непречено да го користат за спорт и рекреација, за што тој е и наменет.
OhridNews












