Жителите на населбата Далјан викендов организираа уште една доброволна акција за чистење со која беа опфатени дворот на подрачното основно училиште во населбата и плажата која се наоѓа во непосредна близина. „Вооружени“ со мотики гребла и метли за неколку часи далјанци собраа поголема количина најразличен отпад кој беше подигнат од комуналните служби.

Целта на акцијата е да ја направиме населбата почисто и поубаво место за живеење, велат жителите на Далјан.


Жителите на Далјан во нова акција за почиста населба


OhridNews