Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, вечерва во 18 часот, во општинската зграда во селото Мешеишта ќе одржат состанок со советодавната група на граѓани.

На состанокот, ќе бидат презентирани предвидените активности од проектите „Доброволно предавање на нелегално оружје„ и  „Превенција од злоупотреба на оружје„.  кој се одвива под мотото „Да прославиме без оружје„.

Целта на овие проектни активности е едукација на населението за законската легислатива од Законот за оружје, укажување на потребата од избегнување на неовластена употреба на оружје, а особено негово користење на разни свечености и можните ризици и опасности од неговата злоупотреба.

Средбата со советодавната група граѓани ќе биде искористена и за конкретизирање на мерките за едукација на учениците за опасностите при употреба на пиротехнички средства.

OhridNews