– Бараме строги казни за несовесните поединци и зголемување на бројот на комунални редари и инспектори. Истовремено бараме решение на општинско ниво за постапување со угинати животни според законската регулатива-предавање на овластен оператор, изградба на јами и безбедно компостирање. Бараме и најбрзо изрекување казна на сите прекршители кои ќе служат како поука на сите што ќе се дрзнат да работат против здравјето на луѓето и животната средина, велат жителите на Орман.
Тие денес ќе побараат прием кај надлежните во локалната самоуправа со цел трајно решавање на проблемот.
Потенцираат дека со фрлањето на пцовисани животни кај Орман, што се случило неколку пати во изминатиот период, се доведува во опасност од загадување изворишната зона од која со вода се снабдува дел од градот, како и земјоделско производство од овој дел на Охридското поле.