– Не може човек да остане рамнодушен на било каква лоша вест кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. Тука нема компромис, пазарење, предпоставки, манипулации, префрлање на вината од еден на друг . Пештани е една убава модерна туристичка населба, која сите нас не обврзува на будност,опрезност и мобилност во текот на целата година, особено во туристичката сезона. Патот минува низ централниот дел од селото, каде има засилена фреквенција на сообраќајот, каде често пати не се почитува сообраќајната сигнализација и ограничувањето на брзината на возење. Ваквите немили настани се почесто го потресуваат локалното население, што никако не оди во прилог на и така промашената туристичка сезона веќе две години по ред, велат дел од жителите на Пештани.
Според нив неприфатливо е да се одвива фреквентен сообраќај на толку тесен коловоз, со бројни опасни кривини, за што одговорноста треба да ја сносат сите подеднакво.
– До кога ке се задоволуваме со мали ,ситни нешта како да сме слепото црево во нашата држава? Пештани одамна требаше да заврши со експанзија и да прерасне во монденско летувалиште на општа радост и благосостојба на сите негови жители. Крај на месец јули, а надвор тишина која не опоменува. Само понекоја ваква немила случка за момент потсетува на нашите обврски кон нашите поколенија. Каква сегашност и иднина им овозмозуваме со рамнодушноста кон сето ова што ни се случува?Можеби некогаш патот ќе се прошири,кејот ќе се направи,ќе се “исправат”кривините, но кој ќе оди по тој пат,кој ќе се шета по кејот ,кој ќе ужива во прекрасната положба на нашето село на кое Господ му подарил,вода, планина и сета убавина на овој свет, а ние сме должни да ја сочуваме како и сите луѓе кои живеат,доаѓаат и проаѓаат низ времето и просторот на нашето опкружување, додаваат жителите на Пештани.
Делот од регионалниот патен правец Охрид- Свети Наум, на влезот од селото Пештани, важи за една од таканаречените црни точки на кои често пати се случуваат сообраќајни незгоди. Минатата година токму на ова место животот го загуби едно лице.