Жителите на струшко Подгорци протестираат против нелегалната сеча на огревно дрво во атарот на селото. Месната заедница за оваа појава ги алармирала надлежните во Македонски шуми и полицијата кои вчера излегле заедно со жителите на местото каде, како што тврдат мештаните се одвива нелегална сеча.
Во дописот испратен до медиумите Месната заедница од Подгорци информира дека додека не се реши проблемот со нелегалната сеча локалното население ќе продолжи да протестира и да го спречува транспортот на дрва од атарот на селото.
Ова не е прв ваков случај во струшко. Минатата година протести имаше во селото Мислодежда, каде локалното население исто така го стопираше транспортот на огревно дрво од планината Краорман, која, како што тогаш беше истакнато, неконтролирано ја пустошат крадци на дрва.
OhridNews