
Tие имаат сериозни забелешки и на работата на угостителските објекти на плажите издадени под концесија, од кои бараат да го почитуваат законски утврденото работно време.
-Да се почитуваат законските обврски преземени од концесионерите на плажите и стриктно да се придржуваат до работното време, односно да не се дозволи на плажите да се организираат настани и концерти после пропишаното работно време, бидејќи немаат лиценца за работа како дискотеки на отворен простор, се вели во реакцијата на жителите од Стар град.
Тие исто така бараат да се преиспита и режимот на сообраќај во ценралното градско подрачје, посочувајќи дека туристите ќе имаат сериозни проблеми со ориентацијата, бидејќи улиците не се добро обележани и нема доволно сообраќајни знаци.












