Жителите на Струга и Дебрaца  ќе имаат можност активно да учествуваат во креирање на заедницата во која живеат и самите да изберат кој проект да го реализираат. Ова ќе го овозможи проектот “Форуми во заедницата” кој во наредните неколку  месеци ќе се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој -СДЦ.

Покрај овие две општини, проекот ќе се спроведува и во  Аеродром, Боговиње, Босилово, Гази Баба, Гостивар, Валандово, Василево, Делчево, Желино, Зајас, Карпош, Конче, Кочани, Липково, Македонски Брод, Могила, Неготино, Осломеј, Пехчево, Прилеп, Пробиштип и Чаир.

– И јас како поранешен градоначалник на општина бев дел од овој процес на децентрализација и горд сум на тоа што градоначалниците на општините работат на зајакнување на децентрализацијата која не е само во нивен интерес туку пред се во интерес на граѓаните. Ние не сме како Швајцарија која има долго искуство, но верувам оти во блиска иднина и нашата земја и општини ќе го зацврстат овој процес на децентрализација и демократизација како во Швајцарија, изјави вчера министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

Програмата Форуми на заедниците почна да се спроведува во 2006 година, а до сега во оваа програма се вклучени над 50 проценти од општините во земјата. Третата фаза од овој проект  започна минатата година, за што од СДЦ издвои буџет од 86 милиони денари.

OhridNews