Жителите на селото Требеништа бараат надлежните да ги санираат оштетените браници на магистралниот пат Кичево- Охрид, кој минува покрај селото. Пред се делот од заштитните браници и метална ограда кај надвозникот на локалниот пат што води кон селото Требеништа, кои во месец јуни беа оштетени кога се случи сообраќајна незгода во која животот го загубија две лица, при што возилото во кое тие се наоѓаа ја проби оградата и падна под надвозникот.
– Патот кој води до Требеништа е навистина фреквентен, постојано се движат возила и луѓе, а магистралниот пат е веднаш над него. Откако е оштетена оградата и браникот доведено е во опасност движењето по тој локален пат. Бараме што поскоро да се санира, се јавувавме и до надлежните но досега никој ништо нема преземено, велат жителите.
Тие додаваат дека на овој дел од патниот правец често се случуваат незгоди поради што и е неопходно поправање на оградата и браникот.
OhridNews