Жителите на селото Требеништа бараат некогашниот Дом на култура да се обнови и не е повеќе руина која го нагрдува местото. Како што тие потенцираат со години објектот пропаѓа и не се користи.

Бараме или да се санира и во него да се одржуваат одредени манифестации или пак да се сруши. Иако кога се градеше зборуваа дека ќе служи како Дом на култура, како таков никогаш не проработи ниту пак просториите беа довршени. Години наназад е напуштен и не служи за никава цел, велат жителите.

Објектот е изграден во 1948,во него првите години функционирала земјоделска задруга, а дел од просториите се користеле и како училници за изведување настава.Според кажувањата на мештаните од затворањето на задругата во 80- те години, објектот е препуштен на времето.   

OhridNews