Жители од село Велмеј, незадоволни што не добиле одговор од надлежните околу иницијативата за дислокација на депонијата која се наоѓа во близина на селото, одржаа мирен протест. При тоа го спречија возилото на јавното претпријатие Дебрца отпадот од целата општина да го депонира во депонијата.
– Депонијата неколку дена гореше, при што целото село беше обвиено во чад и миризба. Во минатиот период, во вакви сегашниот Градоначалник, а тогашен инспектор за заштита на животната средина знаеше да изрече дебела казна, каде е сега? Сите сме свесни за масовноста на акцијата и вложените средства од граѓаните со пошумување и давање живот на природата, треба ли да дозволиме одредени поединци заради профит и инает сето тоа да го уништат. Локалитетот околу селото е едно од најчистите во околината и плодно тло за одгледување на органска храна. Треба ли поради поединци таа околина сочувана толкав период да се претвори во депонија . Дали место кое е на надморска висина од 850 метра и поволно за развој на планински туризам треба да дозволиме некој да го уништи?, прашуваат жителите.
Тие информираат дека за иницијативата бил информиран и советот на општина Дебрца кога од страна на советник било побарано да се изнајде соодветно решение. При тоа било кажано дека ако не дојде до тоа дека нареден чекор ќе бидат протестите.
OhridNews