Тие посочуваат дека на дел од улицата „Јане Сандански“, на потегот од гимназијата кон езерото состојбата е ваква повеќе од два месеци, по изведувањето на зафатите од страна на ЈП „Нискоградба“ на замена на водоводната и канализационата мрежа.
Фотографиите, објаснуваат револтираните жители, се направени при суво време. Во деновите кога врне дожд, повеќето луѓе не можат да влезат во своите домови поради калта и водата, се жалат жителите од улицата „Јане Сандански“.