Жители на селото Куратица, денес, со протест и транспаренти пред зградата на ЕВН во Охрид побараа обновување на мрежата со цел решавање на долгогодишните проблеми со кои се соочуваат.
Како што велат, при секои врнежи од дожд и снег доаѓа до неколкудневен прекин на електричната енергија во селото поради дотраената и стара мрежа. Потенцираат дека компанијата треба да вложи во набавка на нова мрежа и опрема со што трајно би се решил проблемот.
Ваквото барање од страна на Месната заедница на Куратица е доставено до ЕВН Македонија.
OhridNews













