Жителите од зградата се револтирани од односот на надлежните институции бидејќи и покрај бројните инциденти што ги предизвикал нивниот сосед кој повремено бил хоспитализиран во болницата за душевни болести во Демир Хисар, надлежните институции го толерирале неговото однесување.
-Страшно е да се живее тука. Децата постојано ги носиме и ги враќаме од училиште поради него. Тој постојано се закануваше дека ќе не запали и еве не запали.-вели жител на зградата.
– Не го земале затоа што немал направено поголем проблем. Е сега еве го проблемот да видиме што ќе сторат. Кој нас сега ќе ни ги плати штетите, се е црно, изгорено.-додава друг жител од опожарената зграда.
Душевно болното лице, кое беше приведено од полицијата непосредно по предизвиканиот пожар, е хоспитализирано во специјалната болница во Демир Хисар, каде и претходно престојувал во повеќе наврати. Од полицијата информираат дека не е прв пат ова лице да биде приведувано поради разни испади, за што биле известувани институциите одговорни за постапување во вакви случаи. Жителите од опожарената зграда најавија дека ќе побараат одговорност од надлежните институции, а подготвуваат и петиција за трајно згрижување во здравствена установа на соседот кој го предизвика големиот пожар.