Жителите од Стар град бараат од надлежните институции да стават ред во работата на угостителските објекти во Охрид. Во дописот испратен до нив од МЗ Стар Град се наведуваат проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите од оваа населба, но и туристите кои престојуваат таму.
Тие укажуваат на непочитување на работното време од страна на одредени угостителски објекти, бучавата која ја предизвикуваат некои од нив, особено од локалите на плажите, но и бродовите кои пловат во вечерните часови, како и справување со комуналниот неред.
Од МЗ Стар град очекуваат надлежните институции наместо декларативни заложби, да преземат конкретни мерки за ставање ред во работата на угостителските објекти.