Жителите на стариот дел на градот кои изминативе години имаат добиено пропусници за движење со возила во овој дел на Охрид, најдоцна до 13 јуни 2012 година треба да ја продолжат важноста на истите.
За таа цел тие треба да ги донесат пропусниците во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, што се наоѓа на улица „ Димитар Влахов“б.б , над просториите на Црвен Крст, информираат од Локалната самоуправа.