Од локалната самоуправа ги информираат жителите од стариот дел од градот дека согласно новиот режим за одвивање на сообраќај, почнувајќи од 5 јули,  четврток, влезот и излезот на моторните возила во ова подрачје ќе се врши исклучиво со пропусници.

Доколку досега не си обезбедиле пропусници , граѓаните тоа можат да го сторат, секој работен ден , во Секторот за комунален развој и сообраќај чии простории се наоѓаат на ул. „Димитар Влахов“ на вториот кат од објектот во кој е сместен и општинскиот Црвен Крст.

OhridNews