Месната заедница од Подгорци во координација со група граѓани од ова населено место и жители од струшките села Октиси, Лабуништа и Боровец, денеска пред зградата на општина Струга оддржа мирен протест под мотото „Црвен картон за нераузмот и сопствените интереси“.
Тие побараа од локалната власт поништување на одлуката на Советот на општина Струга за измена на Статутот на ЈКП „Хигиена“ од селото Лабуништа, со која стопанисувањето на водовдната мрежа и другите комунални дејности во селото Подгорци се пренесува во надлежност на претпријатието.
„Преку овој мирен протест го изразуваме нашето незадоволство и револт од изгласаната одлука на Советот на општина Струга, за измена на статутот на ЈП Хигена од Лабуништа. Во врска со тоа прашање, а во согласност со Законот за локална самоуправа бараме: Измена на нелигитимната одлука на Советот на општина Струга која е во спротивност со интересите на граѓаните на Подгорци, свикување на собир на граѓани од страна на градоначалникот на Струга во населеното место Подгорци на тема стопанисување со водоводната мрежа и другите комунални дејности. “ – истакна претседателот на месната заедница од Подгорци, Мирсад Реџоски.
Тој потенцира дека доколку горенаведените барања не бидат прифатени, ќе бидат преземени порадикални мерки за решавање на проблемот.
OhridNews