Жители во допис до OhridNews алармираат за проблем со истекување на отпадна вода од канализација на магистралниот пат Охрид-Св. Наум, после тунелот пред влезот на хотелот кој се наоѓа тука.

По неколку пријавувања ни беше речеон дека шахтата била затната од страна на сопственикот на хотелот и била на приватно место. Екипи на Колекторски систем биле веќе излезени на терен во неколку наврати, ама не можеле да реагираат бидејќи истата била на приватно место, велат во дописот.

Воедно додаваат дека им било посочено дека проблемот може да се реши со изведување на нова линија со согласнот потребна од општината.

OhridNews побара одговор од ЈП Нискограба од каде информираат дека екипите на претпријатието од утринава се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Цевката е пробиена и повеќе нема прелевање и истекување, следува уште едно чистење на цврстиот отпад од шахтите кое ќе се изврши во теков на денот за непречено движење на флуидите во цевководот, додаваат од ЈП Нискоградба.

Н.С.Ј.