Околу 2000 жители во Горна Дебарца, поради обилните снежни наноси се отсечени од останатите делови од земјава. Без струја и телефонски линии се и останатите жители во општината.

Првично е направен пробив до населените места со цел да се однесат неопходните намирници. Моментално се работи на расчистување на улиците низ населените места,  а тешка механизација тргна да го расчистува и регионалниот пат кој е под надлежност на Македонија пат. Патот е неопходно да се ресчисти за да биде проодно кон Ботун и Велмеј. Автобускиот превоз е во прекин, телефонските линии не работат, нема струја, околу 2000 жители од општината се целосно отсечени од останатиот дел, вели градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.

Од ЕВН информираат дека нивни дежурни екипи непрекинато работаат на отстранување на дефектот во Дебарца , поточно кај селото Песочан, со цел жителите на општината да добијат струја.

Т.К.