Едукативни работилници за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програма 2007-2013 и начинот на користење на средствата, од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата), ќе се одржат деновиве во повеќе населени места во охридско. Огласот беше објавен на 08.07.2013 на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид организира едукативни работилници со цел заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
Работилниците ќе се одржат:
– Косел, во просториите на некогашната Општина Косел на 06.08.2013 (вторник) во 20.00 часот за селата Косел, Опеница, Вапила, Лескоец, Ливоишта, Велгошти.
– Пештани, во просториите на училиштето Св.Наум Охридски на 07.08.2013 (среда) со почеток во 20.00 часот за селата Елшани, Пештани, Коњско, Трпејца, Љубаништа.