Жителите во охридско ќе се едуцираат за претпристапните фондови
05.08.13 13:12
Едукативни работилници за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програма 2007-2013 и начинот на користење на средствата, од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата), ќе се одржат деновиве во повеќе населени места во охридско. Огласот беше објавен на 08.07.2013 на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид организира едукативни работилници со цел заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
Работилниците ќе се одржат: – Косел, во просториите на некогашната Општина Косел на 06.08.2013 (вторник) во 20.00 часот за селата Косел, Опеница, Вапила, Лескоец, Ливоишта, Велгошти. – Пештани, во просториите на училиштето Св.Наум Охридски на 07.08.2013 (среда) со почеток во 20.00 часот за селата Елшани, Пештани, Коњско, Трпејца, Љубаништа.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
На 18102026 во 03:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, едно лице физички нападналo 39-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.