Сончево и многу топлпо време ќе преовладува денеска во Македонија. Максималната температура во Охрид ќе достигне +35 степени Целзиусови, а на места живата во термометрите ќе се искачи до + 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, високи дневни температури ќе имаме и во вторник, кога се очекуваат и врнежи од дожд, на места во форма на невреме проследено со грмежи.