Со поддршка од сите на Управниот одбор стариот претседател Живко Мукаетов доби нов четиригодишен мандат на чело од Ракометната федерација на Македонија.


Мукаетов со својата посветена и принципиелна работа го крена нивото на РФМ на едно повисоко ниво и служи за пример на добро организирана и успешна федерација.

– Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа мене и мојот тим. По моето прво назначување за претседател ветив дека ќе направам се да го кренам нивото на РФМ на едно повисико ниво. Во изминатите четири години вложивме многу труд и ресурси за работата во младинските категории. Раководството на РФМ изминатите четири години решително се соочи со предизвиците и заедно се радуваше и „плачеше“ со целата македонска јавноста. Сите ние заедно на добар сме да оствариме резултати со кои ќе се гордееме. – рече Мукаетов.

Во првиот мандат, Мукаетов и неговиот тим ги променаа правилниците за дисциплина и во репрезентацијата, двојно ги намали котизациите за учество во Супер лигата, а ги ослободи младинските екипи од плаќање на такси за делегати и судии. Новитет исто така беше преносот во живо од сите натпревари од Супер лигата и спроведувањето на Смарт програмата.

Меѓу новите членови на Управниот одбор на РФМ се наоѓа и Наумче Мојсоски кој долги години ги бранеше боите на Македонија.

Фото: Екипа.мк
OhridNews