Жолта тревога е проглесана во Охридско – преспанскиот регион, каде деновиве се очекуваат екстремно ниски темпаратури, снег и голомразица.
Според најавите живата во термометрите во Охрид деновиве ќе се спушти до 17 степени Целзиусови под нулата.
Министерството за здравство издаде предупредување за внимателност и упати апел до граѓаните да се облекуваат потопло, да избегнуваат престој на отворено и да внимаваат при движење на лизгави површини. Хроничните болни покрај општите препораки, треба редовно да ја земаат пропишаната терапија.
OhridNews