Шпанија со убедлива победа над Италија во финалниот меч одигран во Киев ја одбрани титулата на континенталниот собир. Откритие на ова ЕП секако е левиот бек на “црвената фурија“ Жорди Алба кој ги одигра сите натпревари, а успеа во финалето и да постигне погодок.


– Ова беше мое прво финале и ние креиравме историја. Многу сум среќен, неможам да верувам што направивме. По потпишувањето со Барселона сега имам уште голема причина да славам освојувањето на пехарот од ЕП – потенцираше левиот бек, Жорди Алба.

Жорди Алба потекнува од школата на Барса “Ла Масија“ неколку години мина во Валенсија, а летово се врати во стројот на “блауграната“.

Мх.П.