Неполни 24 часа после отказот на Маурицио Покетино, Тотенхем се погрижи за нова „бомба“ назначувајќи го контроверзниот Жозе Мурињо за нов тренер на екипата.

Португалскиот стратег вбројуван беше помеѓу тесните фаворити и неговиот избор не е изненадување а голем предизвик секако.

„Специјалниот“, како што го нарекуваат Мурињо се враќа во Англија после водењето на Манчестер Јунајтед. Португалецот отказ доби минатата сезона и од тогаш до денеска немаше тренерски ангажман. Претходно, Мурињо во два наврати го водеше Челси.

OhridNews