Жозе Мурињо е назначен за нов менаџер на Челси. После неколку месечното шпекулирања португалецот потпиша 4 годишен договор со англискиот премиерлигаш кој тежи 40 милиони фунти.



– Сите во клубот се воодушевени по неговото враќање, официјалните лицa, фудбалерите, фановите
– велат од “синиот“ клуб во Лондон.

Мурињо ќе се пресели во Лондон по мечот наредниот викенд против Осасуна. Тоа ќе биде крај за неговиот три годишен престој во Мадрид, каде со Реал освои “само“ три титули, но не успеа да го донесе највредниот клупски трофеј во “кралскиот“ клуб, Лигата на шампиони.

Очекувањата на навивачите се огромни, “Специјалниот“ освои шест трофеи во три сезони во првиот негов престој во Лондон од 2004 до 2007 година.

ohridnews