Женскиот ракометен клуб Лихнид со триумф над Стружанка 14-11 (9-8) во спортската сала „Нико Нестор“ ја започна новата сезона во Пионерската лига.
Пионерките предводени од Филип Јованоски и Билјана Смилевска-Богданова до победата стигнаа со добриот финиш во првиот дел и сигурната игра во текот на второто полувреме.
Во листата на стрелци се истакна Драгана Усовиќ со шест погодоци, три постигна Кристина Костеска, по два пати прецизни беа Мендувиа Далипоска и Марија Петреска, а еднаш целта ја погоди Јана Ангелоска.
Во втората рунда „китовите“ гостуваат во Скопје, а силите ќе ги одмерат со првата екипа на Металург.
OhridNews