Женскиот ракометен клуб Вардар одново обезбеди место во ракометниот крем во Европа, откако се пласираше на завршниот турнир од Лигата на Шампиони во Будимпешта.


„Црвено црните“ во четвртфиналниот двомеч го елиминираа данскиот Митјиланд со две победи и вкупен резултат (54-50). Ракометарките на Вардар во Скопје не дозволија изненадување иако имаа негатива и со триумф (26-24) го заверија пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

За македонскиот шампион во женска конкуренција ова ќе биде четврто учество на Ф4 турнирот и нова можност да се прескокне полуфиналната пречка која за сега е нерешлива енигма.


Завршниот турнир се игра во романскиот град Будимпешта на 6 и 7 мај, а друштво на „вардарки“ ќе му прават Букурешт, Будуќност и подобриот од последниот четвртфинален двомеч помеѓу Ѓер – Мец.

Фото: 24ракомет.мк
OhridNews