Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој го погоди градот Порак, кој се наоѓа на околу 108 километри од Манила.

Земјотресот уништил неколку згради. Формиран е посебен тим составен од армијата, волонтери на Црвениот крст, полицијата и локалните жители, кои со кучиња трагачи го пребаруваат теренот.

Во текот на ноќта се спасени седум лица, а извлечени се четири тела од под урнатините на деловните згради во кои се наоѓа и супермаркет, соопштија официјални лица. Три лица загинале кога се урнале ѕидовите на нивните куќи, а оштетен е и аеродромот.

Како што е наведено, властите фрлиле огромно црево во урнатините, со цел да се достави кислород во случај да има се уште преживеани под паднатите згради.

Покрај куќите и патиштата, оштетени се и мостовите и Римокатоличката црква.Земјотресот се случил на длабочина од 12 километри, а веднаш потоа се чувствувале и околу 400 помали земјотреси.Агенциите наведуваат дека се случил друг удар од 6,5 степени, но засега нема подетални информации.