По изминати десет години соработка со Женската организација ,,Искрити” од Благоевград- Бугарија, утре, Женски центар „Бисера“ ќе потпише повелба за посестримување на двете организации.

Како што потенцираат од ЖЦ „Бисера“, соработката ќе продолжи со презентација на националното богатство, афирмација на двата града и работа на женските прашања.

Потпишувањето на повелбата ќе се одржи во ресторанот „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

OhridNews