Како резултат на меѓусебната 10- годишна соработка, Женски центар „Бисера“ со Женската организација ,,Искрити” од Благоевград- Бугарија , потпиша повелба за посестримување на двете организации.

Свечениот чин на потпишување на повелбата беше збогатен со настап на играорната група „Македонка“ и претставници на балетското студио „Соната“.

Од ЖЦ „Бисера“ потенцираат дека соработката ќе продолжи со презентација на националното богатство, афирмација на двата града и работа на женските прашања.

OhridNews