Историските празници служат за потсетување на значајните мигови од минатото кои ја дефинирале иднината на нашата држава. Но не сите паметници имаат соодветен третман и се чуваат за да им ја „раскажуваат“ историјата на новите генерации. Еден од нив е старата зграда на синдикатот во центарот на Охрид, каде сега се изведуваат градежни активности. Тука во 1941 воениот суд на тогашниот бугарски фашистички окупатор осуди група комунисти заради организирање оружено востание, потсетува публицистот и новинар Владо Жура.

„Не ми е познато државните инстутуции во што ќе ја пренаменат куќава – дали во музеј или во турист. апартмани – знае ли некој?!“ – напиша Жура на својот Фејсбук профил, а неговиот коментар предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Незаборавник – напиша на Фејсбук публицистот Владо Жура

OhridNews