
Списокот со имињата на секои три месеци ќе биде објавуван на веб страницата на Фондот.
– Светската здравствена организација тој модел во другите земји го нарекува нејм анд шејм, односно да биде јавно засрамен за да почне да ги почитува правилата, вели Бранко Аџигогов, потпарол на Фондот за здравство.
Странските експерти кои го предложиле овој модел, се пофалиле дека успешно функционира во повеќе европски земји. Од Фоднот се одлучиле да ги покажат лекарите со прст бидејќи како што велат, не секогаш казните имаат ефект.
– Нема да биде линч, бидејќи често дел од грешките што ги направиле ги препраќаме и до министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство, вели Аџигогов.
Од Фондот се оптимисти дека со ова ќе ги натераат лекарите повеќе да ги почитуваат правилата и законите и да не печалат на грбот на пациентите.












