Фудбалерите на Реал Мадрид со празни раце и без бодови се вратија од гостувањето кај Леванте, откако претрпеа минимален пораз 1-0. „Кралевите“ после поразот од Леванте и ремито со Селта на домашен терен претходната рунда ја загубија водечката позиција на табелата во Ла лига. Нов лидер е Барселона.

Го загубивме натпреварот со Леванте, а претходно ремизиравме со Селта и не смее да ја загуме главата после двата неуспеси. Не сум загрижен. Ова е фудбал и вакви работи се случуваат. Имавме добри и лоши моменти во текот на сезоната. Треба да се консолидираме и со уште повеќе позитивна енергија да продолжиме понатаму. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Во следната рунда, Реал Мадрид на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Барселона во популарното дерби „Ел класико“. Каталонците во пресрет на дербито имаат два бодови предност на табелата.

OhridNews