Првиот помошник на Карло Анчелоти, Зинедин Зидан не успеа да ги скрие емоциите во тензичното финале кое ги излуде навивачите на Реал Мадрид. Зидан беше творец на 9. титула за кралскиот клуб кога во финалето 2002 година со неговиот волеј беше совладан Баер Леверкузен. Од тогаш поминаа цели 12 години по кои “кралевите“ се искачија на врвот на Европа.
Зидан на инситирање на Карло Анчелоти сезонава ја мина на клупата на Реал, а единствената забелешка што ја имаше харизматичниот италијанец беше таа што нема да може да го уфрли него во игра.
Иднината на Зидан во кралскиот клуб е неизвесна откако самиот тој побара да биде ослободен од местото помошник за да запчоне да ја гради сопствената тренерска кариера. Сигурно дека оваа сезона под палката на Анчелоти, Зидан можеше да извлече и тоа како добри поуки.