Сегашните тренери на Реал Мадрид и Наполи, Зинедин Зидан и Џенаро Гатузо се најсериозни кандидати за тренерското столче во Јувентус, во случај Андреа Пирло да добие отказ после завршување на сезоната.

Според „Туто Спорт“, иднината на Пирло во Јувентус зависи од пласманот на екипата на табелата во Серија А, односно пласман во топ 4, кој значи билет за настап во Лигата на Шампиони.

Зидан кој е поранешен фудбалер на „старата дама“ е голема желба на претседателот Андреа Ањели. Ањели проба Зидан да го доведе во 2019 година, но Французинот понудата ја одби и се врати во „кралскиот“ клуб.

Сериозен кандидат за нов тренер на Јувентус, како што наведува „Тутоспорт“ е и сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, чиј менаџер Жорж Мендеш е во добри односи со раководството на „старата дама“ и тоа би можело да помогне во преговорите.

OhridNews