Транаферот на Месут Озил од Реал Мадрид во Арсенал предизвика бурни реакции кај навивачите на „кралскиот клуб“. Долго време се погодуваше што е причината за таквата одлука на „кралевите“, но легендарниот фудбалер Зинедин Зидан, кој моментално е спортски директор ја откри.
– Не реагираа сите играчи еднакво на засилувањата кои ги донесевме пред почетокот на сезоната. Некои од играчите реагираа со дрскост, како не размислуваат да греат клупата, а Озил тоа за жал не го направи. Видете го примерот со Анхел Ди Марија, кој уште првиот ден рече дека ќе даде се од себе да го задржи местото во тимот. Ние му благодариме не Озил за прекрасните три сезони во „белиот дрес“ и му посакуваме се најдобро во Премиер лигата – потенцираше „Зизу“.
Во летниот преоден рок „кралевите“ во своите редови ги донесоа Герет Бејл за рекордни 100 милиони евра, Иско и Иљарменди, а Озил во Арсенал премина за оштетата од 47 милиони евра.
Мх.П.