Помошникот на Карло Анчелоти и спортски директор во Реал Мадрид, Зинедин Зидан обелодени дека нова трансфер цел на „кралевите“ е Пол Погба.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата не ја крие својата наклонетост кон Погба, кој е французин, а потекнува од школата на Манчестер Јунајтед.
Реал Мадрид не би штедел пари за донесување на Погба на „Сантијаго Бернабеу“, а сега на ред е Јувентус, кој треба да ја кажи колку чини оштетата за францускиот репрезентативец.
Покрај интересот за Погба на радарот од „кралевите“ е Илкај Гундоган од Дортмунд, во кого гледаат идеална замена за Чаби Алонсо.
Мх.П.