Францускиот стручњак на кормилото од Реал Мадрид, Зинедин Зидан планира да направи големи промени во екипата. Новиот проект на клупската легенда ќе започне со карта во еден правец за неколку фудбалери, кои, имаат статус на мега ѕвезди во светскиот фудбал.

Прв на излезна врата е Герет Бејл. Велшанецот не е омилен кај навивачите поради ноншалатноста и не одговорноста која ја покажува надвор од теренот. На листата се наоѓа и Лука Модриќ. Хрватот го загуби првотимскиот статус и најверојатно ќе замине од Мадрид прифаќајќи ја понудата од Дејвид Бекам за преселба во америчката МЛС лига. Третата мега ѕвезда која нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“ е Хамес Родригез. Најскапата аквизиција на „кралевите“ во 2016 година не се прослави во Мадрид. Позајмицитата во Баерн Минхен не се покажа успешна и колумбискиот репрезентативец ќе добие зелено светло за трансфер.

На пошироката „црна листа“ на Зидан се наоѓаат Лукас Васкез, Лука Јовиќ, Начо и Марсело. Четворицата фудбалери, можеби ќе ја преживеат чистката, но се зависи како ќе се заврши сезоната, која е прекината поради коронавирусот.

Како потенцијални засилувања на „кралевите“ се споменуваат францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, Едуардо Камавина кој настапува во Рен и фудбалерот на Лион Рајан Чеки.

OhridNews