Кралскиот клуб Реал Мадрид со пораз 3-0 од ПСЖ ги започна мечевите во Лигата на Шампиони. „Кралевите“, одиграа очајно и под своите можности и не упатија ниту еден директен удар кон голот на противникот. „Светците“, анемичноста на шпанскиот состав максимално ја искористија постигнувајќи три погодоци за убедлив триумф и успешен почеток.

  • ПСЖ подобар од нас беше во секој сегмент од играта. Нам ни недостасуваше интензитет, што многу фали за натпревари од ваков ранг. Знаевме дека ќе не притиснат и ќе се потрудат да наметнат свој стил на игра а ние делувавме како да не сме го почнале натпреварот. Имавме две добри шанси, дадовме два погодоци, но ВАР ни ги поништи. Сите сме во исти чамец кога победувам и кога губиме. Не сакам да го вперам прстот во еден или двајца фудбалери, бидејќи сите сме криви што изгубивме. Не сум загрижен поради инфериорноста во напад затоа што обично создаваме прилики за погодок во текот на мечевите. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Кралевите“, шанса за поправање на сликата ќе имаат на домашен терен против Клуб Бриж, кој во првиот меч ремизираше со турски Галатасарај 1-1.

OhridNews