Репрезентативецот на Велс Герет Бејл најмалку уште една сезона ќе остане во Мадрид, откако стратегот на „кралевите“ Зинедин Зидан се премисли и реши да го задржи левоногиот фудбалер на Сантијаго Бернабеу.

Зидан пред недела дена изјави дека клубот бара купец за Бејл. На адресата од Реал Мадрид пристигнаа неколку понуди а Бејл одбра да замине во Кина. Сепак, во последен час францускиот стратег се премисли и тоа ја промени целата ситуација со Бејл.

Бејл во Мадрид се пресели во 2013 година за 100 милиони евра и со клубот успеа да освои четири титули во Лигата на Шампиони и една титула во шпанската Примера. После завршување на сапуницата Зидан и „кралевите“ можат да се насочат кон воигрување на екипата со Бејл во составот.

Велшанецот заедно со најновото мега засилување Еден Азард и Карим Бензема ќе го сочинуваат триото задолжено за голови кои ќе носат победи.

OhridNews