Волонтери на Црвениот крст деновиве го цртаат ѕидот од “Пензионерско“, на кој ќе биде насликана историјата на светската хуманитарна организација.
– Црвениот крст – Охрид деновиве започна една интересна активност со која сакаме да ја претставиме историјата на формирањето на светската хуманитарна организација. Мисијата на основачот на Црвениот крст, Анри Динан ќе биде насликана на ѕид со површина од околу 35 метри квадратни, ни изјави Сашо Точко претседател на охридскиот Црвен крст.

Се очекува ѕидниот стрип да биде насликан до крајот на мај.


Волонтери на Црвениот крст цртаат ѕиден стрип

OhridNews