Зимбабве ја призна Македонија под уставното име, информираат владини извори за „Макфакс“.

Признавањето се случило доцна синоќа, во Њујорк, преку размена на дипломатски ноти меѓу амбасадорите на двете земји при Обединетите Нации.

Зимбабве е 130-та земја во светот што ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име.

OhridNews
извор: „Макфакс“